Оваа земја од извоз на бренди инкасираше скоро две милијарди долари

60

Извозот на бренди минатата година достигна вредност од 5,2 милијарди долари, што е за 3,8% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Мексико е извозник број еден на овој алкохолен пијалак со 33,7% од вкупниот извоз или 1,8 милијарди долари.

Меѓу петте најголеми извозници на бренди лани беа и: Кина (698,3 милиони долари), Италија (349,7 милиони долари), САД (242,9 милиони долари) и Хонгконг (215,6 милиони долари).

Фото: Freepik