Оваа земја од извоз на леќа заработи скоро милијарда долари

64

Канада минатата година беше извозник број еден на леќа во светски рамки со заработка од 904 милиони долари и покрива 54,6% од глобалниот извоз.

Според податоците на World’s top exports, извозот на леќа лани достигна вредност од 1,65 милијарди долари или 1% повеќе во однос на 2018 година.

Меѓу петте најголеми извозници на леќа во светот лани беа и: Австралија (211,3 милиони долари), Турција (163,3 милиони долари) САД (127 милиони долари) и Русија (52,7 милиони долари).

Меѓу 15-те најголеми извозници на леќа нема ниту една земја од регионот.

Фото: Freepik