Оваа земја се “грее и лади“ од сонце и ветар

49

Во текот на 2018-та година, обновливите извори на енергија сочинуваат 21% од вкупната енергија што е употребена за греење и ладење во рамки на Европската унија. Податоците на Eurostat покажуваат дека уделот на обновливите извори на енергија за таа намена е во постојан пораст.

Шведска се истакнува меѓу земјите членки на ЕУ, бидејќи две третини од потрошената енергија за греење и ладење е добиена од обновливи извори. Во чекор ја следат и: Латвија (56%), Финска (55%) и Естонија (54%).

За разлика од нив, во земјите како што се Ирска и Холандија, само 6% од искористената енергија за греење и ладење е добиена од обновливи извори.

Фото: Pexels