Овие 10 компании “набилдаа“ пазарна вредност од две илјади милијарди долари

101

Магазинот Forbes направи листа на компании коишто оваа година успеаја да ја зголемат, но и такви коишто ја намалија пазарната вредност.

Меѓу 10-те компании коишто го достигнаа врвот кога станува збор за нивната пазарна вредност оваа година се најдоа многу познати светски компании. На нив им тргна од рака и “набилдаа“ пазарна вредност од две илјади милијарди долари.

Прв на листата е технолошкиот гигант Apple, којшто достигна пазарна вредност од 1,25 илјади милијарди долари, а само оваа година бележи пораст од 497 милијарди долари. Уште еден технолошки гигант му прави друштво на Apple, а тоа е Microsoft. Компанијата под водство на Сатја Надела, успеа да ја зголеми пазарната вредност за 408 милијарди долари, за да може компанијата сега да вреди 1,19 илјади милијарди долари.

Меѓу компаниите со најголем пораст на пазарната вредност се и: Google (934 милијарди долари), Facebook (587 милијарди долари), Amazon (887 милијарди долари), Visa (115 милијарди долари), JPMorgan Chase (111 милијарди долари), Mastercard (106 милијарди долари), Disney (100 милијарди долари) и Procter & Gamble (82 милијарди долари).

Од другата страна, пак, се најдоа 10 компании за коишто 2019 година не помина најдобро кога се работи за пазарната вредност. Тие се: DuPont (пад од 34 милијарди долари), Pfizer (-33 милијарди долари), Kraft Heinz (-13,5 милијарди долари), Walgreens Boots Alliance (-13,1 милијарда долари), Occidental Petroleum (-11,5 милијарди долари), (-10,7 милијарди долари), Simon Property (-7,4 милијарди долари), Abiomed (минус седум милијарди долари), Biogen (-5,6 милијарди долари) и DXC Technology (-4,7 милијарди долари).

Фото: Pexels