Овие заштитни маски се толку популарни, што се купуваат преку лотарија

103

Заштитни маски, кои започнаа да ги произведува јапонскиот производител на потрошувачка електроника Sharp, предизвикаа таков интерес што компанијата одлучи да организира лотарија, а извлечените победници ќе можат да купат една кутија за 30 долари.

Според јапонските медиуми, Sharp започнал со продажба на маски преку својата веб-страница во вторникот. Компанијата имаше намера да продава максимум 3.000 кутии на ден. Но, интересот за резервациите беше толку голем што ги преоптоваруваше серверите, така што страницата мораше да биде запрена и никој од клиентите не успеа да ја заврши набавката.

Затоа, компанијата објави дека ќе прима нарачки во недела од полноќ за следните 24 часа. Во вторник, меѓу пријавените купувачи ќе извлече добитници кои ќе добијат можност да купат само едно пакување од 50 маски по цена од 30 долари.

Поради недостаток на заштитни маски, јапонската влада одлучи да понуди субвенции за компаниите кои инвестирале во нивното производство. Една од нив е Sharp, која започна во производство на маски во стерилен простор во една од нејзините фабрики во март. Првиот контингент на маски беше произведен на крајот на март, но беше продаден на владините институции. Panasonic и Hitachi исто така, одлучија да произведуваат маски.

Фото: Twitter