Овие земји најмногу извезуваат производ што во криза е побаран од злато

90

Извозот на тоалетна хартија во текот на минатата година достигна вредност од 4,5 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Кина е лидер во извозот на тоалетна хартија, чија вредност лани надмина милијарда долари или 23,5% од вкупниот извоз.

Меѓу 10-те најголеми извозници на тоалетна хартија се и: Германија (373 милиони долари), Франција (201,8 милион долари), Шведска (201,6 милиони долари), Канада (191,3 милиони долари), Италија (185,2 милиони долари), САД (177 милиони долари), Полска (170,5 милиони долари), Ел Салвадор (159,6 милиони долари) и Мексико (119,8 милиони долари).

Од земјите во регионот, се најдоа: Турција (63 милиони долари), Словенија (55,6 милиони долари) и Србија (39,1 милион долари).

Фото: Pixabay