Овие земји заработуваат милијарди од замрзната риба

82

Извозот на замрзната риба минатата година достигна вредност од 24,6 милијарда долари, а нашата земја има свое учество со нешто над еден милион долари.

Кина, на глобално ниво, е најголем извозник на замрзната риба со инкасирани 2,9 милијарди долари. Според податоците на World’s top exports, меѓу најголемите извозници на замрзната риба се и: Русија (2,5 милијарди долари), САД (1,9 милијарди долари), Чиле (1,8 милијарди долари), Норвешка (1,5 милијарди долари), Тајван (1,2 милијарди долари) и Холандија (1,1 милијарда долари).

Од земјите во регионот, најмногу замрзната риба извезла Хрватска (22,6 милиони долари). По нејзе следуваат: Грција (10,5 милиони долари), Бугарија (4,5 милиони долари), Словенија (2,4 милиони долари) и Албанија (2,4 милиони долари).

Фото: Freepik