Овој бизнис е “имун“ на коронавирусот

221

Германските трговци на велосипеди се меѓу најголемите добитници додека трае кризата од коронавирус, според  резултатите од истражување наГерманскиот економски институт IFO.

Скоро сите трговци на велосипеди се задоволни од моменталната бизнис ситуација, при што нивните оцени изнесуваат 95 поени од можни 100, се наведува во соопштение на IFO.

“Трговци на велосипеди доживуваат вистински бум“, вели Клаус Вохлрабе, шеф на анкетниот сектор во IFO.

Останати сектори кои моментално бележат добри резултати се продавниците за градежен матерјал и продавниците Направи сам (83,1 поени), трговијата со храна и пијалок (62,8 поени ) продавници на мебел и опрема (40,7 поени), малопродажна потрошувачка електроника (39,7 поеин) и продавници за компјутери (33,3 поени).

Од друга страна најлоша е состојбата е кај продавници на облека и обувки (минус 60.9), како и кај оние кои продаваат производи од кожа и чанти (минус 85 бодови)“ вели Вохлрабе.

Се додава дека “работите порано биле лоши и за продавачите на автомобили“, но сега полека се излегува од “дупка“ која ги турна корона вирусот, каде што моменталната ситуација изнесува минус 37 поени.

Фото: Freepik