Овој е – велосипед чини колку автомобил

170

Компанијата Jeep се одлучи и за производство на електрични велосипеди, кои излегуваат на продажба во јуни годинава, а освен карактеристиките она по што се издвојува е цената.

Според најавата, нивниот е – велосипед ќе биде наменет за возење на сите видови терени и ќе чини 5.899 долари.

Велосипедот се напојува со електричен мотор QuietKat со моќност од 750 W.

Со едно полнење на батеријата ќе може да се вози и до 64 километри.

Фото: Facebook