Овој газда заработи 1,6 милиони долари на берза, а добивката ќе ја подели на вработените

139

Основачот и извршен директор на компанијата за недвижнини Connor Group, Лери Конор за само осум дена на берза заработи 1,6 милиони долари, а одлучи целиот износ да го подели со своите вработени.

Компанијата се наоѓа во државата Охајо и вработува околу 400 лица, кои продолжиле да работат за време на пандемијата, па Конор кратко им одговори “Ова не е подарок. Вие го заслуживте“.

Тој додава дека ова се тешки времиња за сите, а неговите вработени на пандемијата и одговоривте херојски.

“Почнав да размислувам за основните вредности на нашата компанија и си реков направи ја вистинската работа, погрижи се за своите луѓе. Сите 1,6 милиони долари ќе ги поделам со вас“.

Вработените ќе добијат бонус од 2.000 до 9.000 долари, во зависност на која позиција се наоѓаат.

Инаку, во САД повеќе од 30 милиони луѓе се пријавија за паричен надомест поради невработеност.

Фото:YouTube Printscreen