Пад на директните странски инвестиции во Хрватска

30

evraДиректните странски инвестиции во Хрватска продолжуваат да се намалуваат и во првите три тромесечја минатата година изнесувале 530,5 милиони евра, што е малку помалку во однос на истиот период една година претходно, покажуваат податоците на Хрватска народна банка (ХНБ).

Според овие податоци, директните странски инвестиции во трите тромесечја минатата година се на половина помали отколку две години претходно (во 2012 и 2011 изнесувале 1,1 милијарди евра), а нешто поголеми од 2010 година, кога изнесувале 389,1 милиони евра, пренесуваат хрватските медиуми.

Повеќето инвестиции се реализирани во секторите недвижнини, туризам и трговија.

Во првите три квартали од 2013 година, во Хрватска најмногу инвестирале компании од Австрија, 181,6 милиони евра, а следуваат Германија со 66,4 милиони евра, Луксембург со 45,1 и Италија со 40,9 милиони евра.

Хрватските компании во овој период инвестирале 123,4 милиони евра во странство.