Пад на индустриското производство во август

21

industrija-ventili-pixabay

Фото: Pixbay

Индустриското производство во август оваа година, во споредба со истиот период лани, е намалени за 5,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи опаѓање од 6,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 28,1%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 19%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3%, Капитални производи за 12,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8%.

Индустриското производство во периодот јануари – август 2017 година, во однос на периодот јануари – август 2016 година, е намалено за 0,1%.