Пад на прометот на берзата во април

23

Прометот на Македонска берза во април достигна 686.557.257 денари или 9,37% помалку во споредба со еден месец претходно, стои во Месечниот статистички билтен.

Пазарната капитализација на компаниите што котираат на берзата беше 195.297.583.962 денари или 2,32% повеќе одошто во март годинава.

Кај вкупниот број на трансакции (1.681) има пораст за 14,67%, додека 4,02% скок е регистриран кај индексот МБИ10, којшто се позиционираше на 5.039,99 поени.

Кај класичното тргување има пораст на месечно нивo од 24,97% и тоа кај акциите растот во прометот е најголем (58,51%).

Во април, според податоците, се реализирани вкупни блок трансакции во вредност од 156,3 милиони денари што е за 53,09% помалку одошто во март кога изнесуваа 333.218.735 денари.

На официјалниот пазар се направени вкупно 1.652 трансакции и тие учествуваат со 77,13% во вкупниот промет на Берзата, достигнувајќи вредност од 8,5 милиони евра. На редовниот пазар има вкупно 16 трансакции со вредност од 10.906 евра. Во текот на април се реализирани 13 блок трансакции со вкупна вредност од 2,5 милиони евра.

Фото: Pexels