Пад на прометот во индустријата во август

26

Прометот во индустријата во август оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 1,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 7,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 8,1%.

Прометот во индустријата во август 2019 година, во однос на јули 2019 година, е намален за 4,1%, додека во периодот јануари – август 2019 година, во однос на периодот јануари – август 2018 година, има пораст од 8,3%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 93,4.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 21,5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,1%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1%.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во август 2019 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 87,1, додека во периодот јануари – август 2019 година, во однос на периодот јануари – август 2018 година, изнесува 100,3.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 99,5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 8,2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 29,1%.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во август 2019 година, во однос на јули 2019 година, изнесува 85, додека во периодот јануари – август 2019 година, во однос на периодот јануари – август 2018 година, изнесува 111.

Фото: Pixabay