Пад на трошоците на живот и цени на мало во ноември

24

Трошоците на живот и цените на мало во ноември оваа година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалувањето на трошоците на животот од 0,2% во ноември 2016 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 17%, оризот за 8%, компирот за 1,2%, месото за 0,6%, маслото и маснотиите за 0,5% и замрзнатото овошје за 0,2%.

Во ноември, исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7,1%, информатичката опрема за 1,7%, книгите за 0,3%, терапевтските помагала и услугите за култура за 0,2%.

Пораст на трошоците на животот во ноември 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 3,2%, јајцата за 0,9%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,8%, полномасното млеко за 0,7% и другите прехранбени производи за 0,3%.

Исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај телефонската и телефакс опремата за 3,2%, болничките услуги за 1,4%, услугите за сместување за 1,3%, течните горива за домаќинствата за 1,1%, мотоциклите за 1%, накитот и часовниците за 0,6%, обувките за 0,5%, велосипедите, резервните делови и
опремата за сопствен превоз за 0,4%, гасот за домаќинствата, градините, растенијата, цвеќињата, рестораните и кафулињата за 0,3%, облеката, течните горива и мазива за 0,2%.

Трошоците на животот во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, бележат намалување од 0,2%, а цените на мало се зголемени за 0,2%.