Пад од 7% на прометот во индустријата во јануари

18

Прометот во индустријата во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 5,5% додека во однос на декември 2014 година има намалување од 7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2015, во однос на јануари 2014 година,
бележи опаѓање од 11%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 9,7%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2015
година, во однос на јануари 2014 година, бележи пораст од 3,8%, а во секторот Преработувачка индустрија
бележи пораст од 5,6%.

Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година,
бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,9%, Капитални производи за 9% и
Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,2% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 1%.