Паметен кревет на Ford го “двои“ просторот за спиење

21

Фото: Ford

Американскиот производител на автомобили, Ford ја примени својата паметна технологија за асистирање на патот на сосема неочекувано место.

Lane-Keeping Bed е кревет што со помош на “патниот асистент“ на компанијата го одвојува местото на креветот предвидено за двајца. Така, доколку некој од партнерите, за време на спиењето, навлезе во просторот предвиден за другиот партнер, се активираат специјални сензори на притисок. Тие ја придвижуваат подвижната лента вградена во креветот и нежно го враќаат немирниот “спијач“ на свое место.

Креветот е само прототип и дел од серијата за иновации на производителот наречена Ford Interventions. Оваа паметна технологија и дизајн веќе се применува во возилата на Ford. Таа го мести воланот во правилната положба, доколку забележи дека возачот скршнал од предвидената коловозна лента.