Паметна четка за заби што кажува како и каде треба да четкате

55

philips-sonicare-flexxare-platinum-connected-1Компанијата Philips претстави паметна четка наречена FlexCare Platinum Connected, што ги чисти забите на најдобар можен начин, благодарение на специјални детектирачки сензори.

За таа цел четката се поврзува со апликација на мобилен телефон и преку сензорите го следи начинот на којшто корисникот ги чисти забите. Со помош на мапа на екранот од телефонот го информира корисникот дали забите се добро исчистени и слично.

oo

Штом корисникот ќе заврши со четкањето, на телефонот ќе добие анализа што ќе му помогне да ја подобри техниката на чистење на забите и ќе го предупреди доколку некаде има проблем. Горниот дел од четката се менува, а истата има три нивоа на вибрирање.