Паметни “легнати полицајци“ ги наградуваат примерните возачи

42

Шпанската компанија Badennova развива посебен вид на сообраќаен уред, што ќе биде поинаков од сите останати познати “легнати полицајци“ што имаат за да цел да го забават возењето на невнимателните возачи.

Овој “легнат полицаец“ е исполнет со посебна течност, што ги наградува бавните возачи, така што ако ја прилагодат брзината нема ни да почувствуваат дека преминуваат по нерамнина на патот, пренесува Revijahak.

Возачите кои се движат побрзо од пропишаното, ќе треба да забават за да не удрат, бидејќи тогаш течноста ја менува вискозноста и станува крута.

Материјалот од којшто е изработен е флексибилен и отпорен на удар. Неколку вакви сообраќајни уреди се поставени во јавни гаражи во Шпанија, а се очекува да бидат наместени и на повеќе јавни сообраќајници, но интерес има и од Израел и Германија.

Фото: Pexels