Паметните телефони ќе ги заменат клучевите во Starwood хотелите

26

hoteliРазвојот на мобилната технологија може да ги прати хотелските клучеви и картички во историјата. Ланецот хотели Aloft, во сопственост на Starwood хотелите, одлучи да ја тестира услугата која на нивните гости ќе им овозможи во собата да влезат со смартфон, наместо со клуч. Во хотелите на овој ланец во Њујорк и Сан Франциско гостите ќе можат да отклучат со виртуелен клуч кој ќе се наоѓа во мобилната апликација на Starwood.

Оваа услуга ќе можат да ја користат гостите кои имаат iPhone 4S (или понов модел) или Андроид со верзија 4.3.