Panasonic воведува четиридневна работна недела

94

Јапонската компанија Panasonic објави дека преминува на четиридневна работна недела. Генерално, Јапонија е позната по некои од најдолгите работни недели во однос на одработени часови.

„Треба да размислуваме за благосостојбата на нашите вработени“, изјави извршниот директор на Panasonic, Јуки Кусуми за Nikkei. Компанијата планира пофлексибилни работни распореди.

Оваа одлука на Panasonic ја следеше политиката на некои јапонски компании кои воведоа четиридневна работна недела, како што се фармацевтската компанија Shionogi и компанијата Encourage Technologies. И двете ќе ја понудат опцијата од април, пишува Nikkei.

Четиридневната работна недела одамна постои во САД, но не е многу популарна. Сепак, ова може да се промени во позадина на пандемијата низ целиот свет.

Минатата недела американската компанија за е-трговија Bolt се префрли на четиридневна работна недела откако ја тестираше оваа опција и пријави поголема продуктивност и задоволство на вработените во однос на балансот на работниот век.