Панда обврзници – за што станува збор?

24

Фото: Pixabay

Португалија е прва земја во евро зоната што ќе издаде таканаречени панда обврзници, односно обврзници деноминирани во јуани. Станува збор за обврзници што ги издава субјект којшто нема потекло од Кина.

Овој вид на обврзници се она што е и еврообврзницата. Терминот еврообврзница се однесува само на фактот што обврзницата се издава надвор од границите на матичната земја на валутата; тоа не значи дека обврзницата била издадена во Европа или деноминирана во евра.

Инаку, Португалија е една од европските земји што се најмногу отворени кон кинеските инвестиции, па планира следната недела да издаде обврзници во вредност од околу две милијарди јуани или околу 240 милиони евра со рок на достасување од три години, пренесуваат медиумите во Португалија.

Оваа земја ја разгледува можноста да издаде таканаречени панда обврзници уште од 2017 година. Португалија беше принудена да бара 78 милијарди евра меѓународна помош во 2011 година, кога каматните стапки на обврзниците беа премногу високи за да продолжат со финансирање на долгот.

Полска, пак, е прва земја во Европа што издала државни обврзници на кинескиот пазар во 2016 година.