Пандемијата ги преполови туристите во Италија

22

Италија очекува оваа година да има пад од 50% на туристичките ноќевања поради пандемијата.

Според официјалните податоци, бројот на ноќевања ќе се намали за 52,5% на 173,5 милиони, а бројот на пристигнувања ќе биде намален за 51,1%, на нешто повеќе од 48 милиони.

Туристичката потрошувачка е намалена за 16 милијарди евра, а скоро половина или 7,2 милијарди евра се однесуваат на покраините Венето, Тоскана и Ломбардија, каде странските гости имаат удел од над 50% во вкупната потрошувачка.

Како најзагрозени региони се наведуваат Венето, Ломбардија, Тоскана, Сицилија и Лацио.

Фото: Pixabay