Пандемијата ги “пресели“ таверните во домовите на Грците

18

Поради пандемијата беа затворени бројни компании, продавници и се ограничија меѓусебните контакти, но сепак животот оди понатаму, а анализата на Nielsen во Грција покажува пораст на продажба на производи што може да послужат како замена за она што вообичаено се купувало во баровите или таверните.

Па така, продажбата на алкохолни пијалаци од продавниците во првите три месеци од оваа година имаат значителен пораст. Тоа најмногу се гледа во продажбата на: рум (раст од 67,7%), вино (49,1%), виски (43,6%) и пиво (27%), пренесува Катимерини.

Зголемена продажба, исто така, има и кај продажбата на средства за чистење рерни за 47,5% и хартија за печење од скоро 29%, што е доказ дека Грците повеќе подготвувале храна во домашни услови.

Од козметичките препарати, пораст од 22% има кај бојата за коса, најверојатно поради затворање на фризерските салони и салоните за убавина.

Супермаркетите во Грција имаат пораст на приходите од скоро 10% на 11,34 милијарди евра.

Фото: Pexels