Пандемијата ги зголеми кибернетичките напади

35

Подготвени или не, огромен број луѓе во светот поради пандемијата, работат од дома, што значи дека е зголемен пристапот до чувствителни корпоративни податоци преку домашни интернет мрежи.

Не постои земја во светот што барем еднаш не била мета на кибернетички напад поврзан со Ковид-19, покажуваат податоците на Microsoft 365 Security, од истражување што опфати повеќе од 240 земји во светот.

Меѓу земјите што се најмногу изложени на ваков вид на напади се Кина, САД и Русија.

Главна цел на напаѓачите е да добијат пристап и влез во систем за да го енкриптираат и на тој начин да изнудат одреден износ на пари.

Од таа причина, лицата кои се задолжени за безбедност на компјутерите, мора да следат што се случува за да може навреме да се реагира ако системот е компромитиран.

Фото: Pixabay