Пандемијата го поттикна увозот на лаптоп компјутери во ЕУ, 90% се од Кина

83
Laptop on a wooden table

Во последните неколку години, увозот на лаптоп компјутери беше најголем во ноември, како дел од предновогодишниот шопинг. На почетокот на оваа година, кога беше забележат првиот силен бран од коронавирусот, увозот на вакви уреди имаше огромен пораст, покажуваат податоците на Eurostat.

Бидејќи земјите преземаа мери за заштита од ширење на заразата, растеше бројот на луѓе кои учеа и работеа од дома, а имаа и бројни онлајн состаноци и видео разговори со роднини и пријатели. Поради овие причини е забележан пик во увозот на лаптоп компјутери во април оваа година.

Според податоците, 90% од увезените компјутери во ЕУ се од Кина и лани и оваа година. За седум месеци од 2019 година, Кина извезе лаптоп компјутери во ЕУ во вредност од 12,1 милијарда евра, додека во истиот период оваа година, извозот на Кина надмина 14 милијарди евра.

Најголем раст на увозот на лаптоп компјутери, меѓу земјите членки на ЕУ, имаат Романија (38%) и Данска (35%).

Меѓу земјите со најголем увоз на лаптоп компјутери се и: Словачка (27%), Италија (26%), Бугарија (25%), Чешка и Луксембург (по 24%)…

Под 10% раст на увоз имаат: Белгија (9%), Шведска (7%), Грција (4%), Словенија (3%), Хрватска и Литванија (по 2%).

Фото: Freepik