Пандемијата им го зголеми богатството за 4.000 милијарди долари

44

Институтот за политички студии на САД направи анализа што покажува дека богатството на 20 најбогати милијардери е зголемено за 742 милијарди долари. Богатството на милијардерите во текот на пандемијата е поголемо за 4.000 милијарди долари, пренесува Business Insider.

Анализата покажува дека од 18-ти март 2020-та до 18-ти март оваа година, богатството на 2365 милијардери е зголемено за 54%, односно за 4.000 милијарди долари.

Во извештајот се наведува дека 20-те најбогати милијардери сега се побогати за 742 милијарди долари, што е зголемување за 68%.

Извештајот на меѓународната организација Oxfam, објавен на почетокот на оваа година, покажува дека милијардерите сега се побогати за околу 3.900 милијарди долари.

Тие пари би помогнале ниту еден човек во светот да западне во сиромаштија поради пандемијата, а со нив би се набавиле и доволно вакцини за целиот свет.

Фото: Pexels