Пандемијата не ги спречува Кинезите да трошат пари на луксузни производи

35

Со враќање на демонстрациите во Хонг Конг и намалениот број на патувања во странство поради пандемијата, Кинезите гладта за луксузни производи ќе ја задоволуваат само во Кина, каде купуваат повеќе и поскапо.

Додека проценката за пад на глобалната продажба на луксузни брендови оваа година е на ниво од 35%, првите четири месеци донесоа огромен скок во побарувачката. Кинезите оваа година ќе потрошат рекордно многу пари на луксузни производи само во Кина, а првите четири месеци покажаа дека се купува и повеќе, но и просечно поскапо за разлика од пред пет години.

За Кинезите, како што пренесува Seebiz, Хонг Конг со децении претставуваше шопинг оаза за луксузни производи. Работите почнаа да се менуваат минатата година со почетокот на продемократските демонстрации насочени против Пекинг, а туристите кои доаѓаа во Кина почнаа да се чувствуваат непријатно во Хонг Конг, но и страв дека ќе бидат нападнати. Но, најголемиот удар по економијата на Хонг Конг дојде оваа година со пандемијата што ги затвори шопинг центрите на подолг временски период.

Дури и кога се отворени, немањето на странски туристи во Хонг Конг ја намали продажбата на луксузни производи, како што се часовници, накит, луксузни чанти и слично, за високи 79%, што ги принуди најскапите брендови да затворат.

Брендови како што се Prada, Gucci, LV и други, Кинезите сега ги купуваат само во Кина, независно од тоа што цената им е и за 50% повисока.

Фото: Pixabay