Паника меѓу волците на Wall Street, работните места им се несигурни

123

Wall Street оваа година веројатно ќе ги намали бонусите за 15 до 20% и привремено ќе отпушти значителен број на луѓе, објави американската консултантска компанија Johnson Associates.

Проценките во извештајот на Алан Џонсон, кои внимателно ги следат финансиските професионалци, се поблаги од оние објавени на почетокот од годинава, но отпуштањата од работа може да бидат значајни, пренесува Reuters. Компаниите се принудени да донесат брзи одлуки, да ги намалат бирократските процедури за време на пандемијата и намалат бројот на вработени, рече Џонсон.

“Технологијата ни покажува дека не ни требаат толку луѓе“, додаде тој

Меѓутоа, напоменува дека намалувањето на бројот на вработени неминовно води кон зголемување на трошоците за отпремнина и дека компанииите нема да сакаат да бидат перцепирани како сурови додека економијата е во рецесија, а милиони луѓе се без работа.

Косопственикот на оваа консултантска  компанија, Џон Џонсон вели дека влијанието на Ковид-19 и неодамнешното фокусирање на правда и еднаквост ќе бара анализирање и балансирање помеѓу деловните перформанси, конкурентските и социјалните приоритети и очекувања на купувачите и вработените.

Фото: Facebook