Пар јапонско манго продадено за рекордни 2.500 долари

20

JAPAN-FRUIT-MANGO-OFFBEAT

Стоковна куќа од Јапонија продаде пар јапонско манго за неверојатни 2.500 долари, што е рекордна цена втора година по ред.

Откако овошјето беше продадено на аукција во јужниот град Мијазаки, победникот го однесе во својата луксузна продавница во Фукуока и го стави на продажба за 210.000 јени (1.758 долари)

Мангото што припаѓа на сортата Taiyo no Tamago (Јајца на Сонцето) беше првото што отиде на аукција годинава, прилика која подразбира многу високи цени.

За да биде квалификувано како Taiyo no Tamago, овошката мора да тежи најмалку 350 грама и да има висок процент на шеќери во својот состав.

273555_97615690

2.500 долари е навистина премногу за пар манго, но овошјето е генерално скапо во Јапонија и не е необично едно јаболко да чини повеќе од 3 долари.

Оваа година најлуксузното овошје за сите оние со префинет вкус е еден вид на јагоди, каде само едно парче достигнува цена од 415 долари.

Сепак, ништо не може да се спореди со неверојатните 25.000 долари кои беа платени за пар дињи на аукција во 2008 година.