Парични казни за доставувачите на делови за Toyota, Honda, Nissan и Renault

26

kartel koliЕвропската унија изрече парични казни од 141 милиони евра за компаниите кои доставуваат делови за Toyota, Honda, Nissan и Renault поради здружување и одредување на цените за елекстронските ситеми, соопшти Европската комисија.

Европскиот комесар за пазарна конкуренција Хоакин Алмуња изјави дека одлуката е прва во пошироката пресметка со картелите кои можат да и наштетат на конкурентноста во автомобилската индустрија и дека картелите на вештачки начин ги пумпале цените што ги плаќале конечните купувачи на автомобилите.

Картелот за електронски системи го воделе Sumitomo, Yazaki, Furukawa, S-Y Systems Technologies и Leoni. Овие електронски системи ги поддржуваат операциите како стартување на моторот, отворање на прозорците и вклучување на клима уредот во автомобилот.

Sumitomo не е казнет затоа што ја објавил информацијата за соработката, а на останатите им е намалена казната затоа што соработувале во текот на истрагата.