Париз, Берлин и ЕУ разговараат за новиот вирус во Велика Британија

36

Емануел Макрон, Ангела Меркел, Урсула Вон дер Лејен и Чарлс Мајкл разговараа по телефон за новиот вид на коронавирус што се шири во Велика Британија, поради кој некои европски земји ги запреа летовите во таа земја, соопштуваат од Елисејската палата.

Францускиот претседател, германската канцеларка, претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет разговараа во време додека Холандија, Белгија и Италија ги забранија патничките летови со Велика Британија.

Шпанија побара од Брисел “координиран“ одговор од ЕУ во врска со запирањето на летови од Велика Британија по откривање на нов вид на коронавирус во таа земја.

Светската здравствена организација ги повика своите членки во Европа да ја “зајакнат контролата“, поради новиот вид на коронавирус којшто кружи низ Велика Британија.

Надвор од Велика Британија, девет случаи се пријавени во Данска и по еден во Холандија и Австралија.

Фото: Freepik