Париз: Секој граѓанин смее да посади градина каде што ќе посака

24

ParisUrbanGardens1Париз важи за град со многу урбано зеленило, но благодарение на неодамнешна иницијатива, неговите граѓаните сега можат да посадат растенија каде ќе посакаат, пишува My modern met.

Заинтересираните жители ќе добијат тригодишни обновливи дозволи да одгледуваат сè што ќе посакаат, од овошје и зеленчук до цвеќиња и растенија.

Покрај вообичаените цвеќиња и традиционалното саксиско цвеќе, сега граѓаните ќе можат да ја употребат својата креативност во малку пошироки размери. Зелени ѕидови и градини на покривите се само неколку решенија понудени од градот. Иако можностите се големи, иницијативата има неколку ограничувања: флората мора да биде култивирана користејќи одржливи методи (пестициди не се дозволени) и засадена со цел да се подобри изгледот на градот.

ParisUrbanGardens8ParisUrbanGardens3ParisUrbanGardens5