Патики за трчање со ѓон од графен

62

grafen

Фото: inov-8

Британската компанија за спортски обувки inov-8 започнува да произведува патики направени од графен.

Британскиот бренд се здружи со Универзитетот во Манчестер за да стане првата компанија што ќе вметне графен во патиките за трчање.

Лабораториските тестови покажаа дека овие патики што треба да излезат на пазарот во 2018 година се поиздржливи, поеластични и поотпорни на абење. Графенот е најтенкиот материјал на земјата и е 200 пати посилен од челик.

“Новата гума што ја имаме развиено со Националниот институт за графен на Универзитетот во Манчестер ни овозможува да ги срушиме границите. Нашите лесни чевли даваат комбинација на истегнување и издржливост што никогаш не биле видени во спортски обувки“, вели Мајкл Прајс маркетинг директор на компанијата.