Пазар3.мк воведе нова услуга – Пазар3 Шопинг

55

pazar3

Пазар3.мк, како водечки онлајн купопродажен центар, со над 70.000 посетители дневно, воведе нова функција Пазар3 Шопинг (http://www.pazar3.mk/mk/Shopping). Станува збор за концепт што се базира на онлајн купување и споредба на цени.

Целта е сите онлајн продавници од Македонија да се соберат на едно место, со тоа што потенцијалните купувачи ќе имаат голем избор на производи, од различни производители и ќе имаат можност да споредат цени и да купуваат директно од самите продавачи. Со оваа иновативна опција се поттикнува онлајн купувањето во Македонија.

Сите заинтересирани ќе можат да станат дел од Пазар3 Шопинг преку бесплатна регистрација, што е охрабрувачки за сите оние кои во денешно време тргуваат онлајн. Целта на Пазар3 е постојаното подобрување на корисничкото искуство од онлајн дејствувањето.