Пазарната капитализација на биткоинот надмина 1.000 милијарди долари

44

Биткоинот постави уште еден рекорд, откако пазарната капитализација на најголемата крипто валута во светот надминува илјада милијарда долари, според порталот Coindesk.

Во петокот со дигиталната валута се тргуваше за нешто помалку од 54.000 долари за еден биткоин, а во еден момент достигна 54.880 долари во текот на сесијата, според Coin Metrics. Цената на биткоинот во последните шест месеци се зголеми за околу 350 %.

Иако не е совршена споредба, пазарната вредност од билион долари ја прави вредноста на биткоинот поголема од вредноста на најголемиот број акции во светот. На пример, Тesla има пазарна капитализација од околу 700 милијарди долари, пишува Seebiz.