Пазарот на криптовалути и денес во црвено

69

По вчерашниот пад на вредноста, пазарот на криптовалути и денес е во црвено. Биткоинот денеска (околу 14 часот) вреди 44.837 долари, а во последните 24 часа, неговата цена се намали за 4,63% .

И етереумот е во црвено. За 24 часа, цената падна за 8,29% и во моментов се тргува по цена од 3,019 долари.  И другите помалку познати крипто-валути бележат пад. Инаку, во претходните денови, криптовалутите беа постојано во плус.

Фото: Pixabay