Пазарот на криптовалути утрово е во длабок минус, забележан двоцифрен пад

210

Пазарот на криптовалути утрово е со огромни загуби. Пазарната капитализација во изминатите 24 часа падна за 9,1 отсто и според податоците на веб-страницата Коингеко моментално изнесува 2,16 милијарди долари.

Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот, падна за цели 8,8 отсто, покажуваат податоците на веб-страницата Коингеко и моментално се тргува по цена од 42.875 долари.

Етереумот бележи уште поголем пад. Во изминатите 24 часа изгуби 11,9 отсто од вредноста и моментално се проценува на 3.382 долари.