Пчели “дресирани“ да прават мед во тегла

303

med vo tegla

Пред точно пет години Халил и Чебира Куртовиќ започнаа со производство на мед, што е карактеристичен по тоа што пчелите го прават директно во теглите, без допир на човечка рака, пишува Агроклуб.ба.

“За да добиете мед од тегла, потребно е добро да ги познавате пчелите, начинот на нивното однесување и пчелите секој празен простор ќе го исполнуваат со мед“, вели Халил.

Тој вели дека тоа е возможно да се направи само на исклучително силни пасишта, каде што приносот е голем и кога има нектар во природата, со силни пчелни семејства.

Иако е искусен пчелар со долгогодишна кариера, “дресирањето“ на пчелите започна да го прави во тегла со две пчелни семејства на пасишта со багрем. На едно пчелно семејство беа поставени 16 тегли коишто се завртени на обратната страна. Една година претходно растопиле и ставиле малку саќе на дното на секоја тегла.

“Доколку сезоната е добра, тие брзо го изградуваат саќето и уште побрзо ќе внесува мед. Пчелите од пасиштата со багрем во текот на денот може да донесат од две до три килограми мед. Една тегла има 950 грама што значи дека 16 тегли пчелите може да ги наполнат за околу 10-тина дена“, објаснува Куртовиќ.