Пекабеско со добивка од 19,4 милиони денари во првото тримесечје

26

pekabesko

Пекабеско во првото тримесечје од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 19.416.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата прикажа добивка од 2.165.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, беа 843.854.000 денари. Од нив, на домашен пазар се реализирани 768.466.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 75.388.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првото тромесечје од 2015 година беа 692.612.000 денари.