Пелистерка прокнижи добивка од 5 милиони денари

20

pelisterka

Компанијата Пелистерка во првото полугодие од 2015 година работеше со добивка од 5.098.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие лани, добивката на компанијата беше на ниво од 17.550.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од оваа година достигнаа 220.865.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 211.424.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 9.441.000 денари.