Компанијата Пелистерка во првото тримесечје работеше со загуба од 16.759.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Во истиот период лани, загубата на компанијата беше 6.295.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на Пелистерка од 01.01. до 31.03. се 90.987.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 87.603.000 денари, а остатокот од 3.384.000 денари е реализиран на странски пазари.