Пелистерка работеше со загуба од 16,7 милиони денари во првото тримесечје

22

pelisterka

Компанијата Пелистерка во првото тримесечје работеше со загуба од 16.759.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, загубата на компанијата беше 6.295.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Пелистерка од 01.01. до 31.03. се 90.987.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 87.603.000 денари, а остатокот од 3.384.000 денари е реализиран на странски пазари.