Пелистерка за девет месеци прокнижи добивка од 2.949.000 денари

151
A glass of water macro shot

Пелистерка за девет месеци прокнижи добивка од 2.949.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата оствари добивка од 8.300.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, достигнаа 239.370.000 денари, од кои поголемиот дел е продажба на домашен пазар (209.139.000 денари, а остатокот од 30.231.000 денари е реализација на пазари во странство).

Приоритетна дејност на компанијата е производство на пијалаци, минерална и друга флаширана вода.

Фото: Freepik