Пелистерка за девет месеци работеше со добивка од 8,3 милиони денари

38

Компанијата Пелистерка, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година,  оствари добивка од 8.300.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка од 1.989.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, изнесуваа 311.088.000 денари. Поголемиот дел од 278.905.000 денари е остварен на домашен пазар, а остатокот од 32.183.000 денари на пазари во странство.

Приоритетна дејност на Пелистерка е производство на освежителни пијалаци, минерална и друга флаширана вода.

Фото: Pixabay