PepsiCo со нов дизајн на шишиња во борба за подобро здравје

64

pep

Фото: Youtube

Најновиот производ на компанијата PepsiCo е шише со вода за еднократна употреба што доаѓа во пакет со сетови од повеќе ароми, пишува Fast co. design.

Новата производна линија, наречена Drinkfinity, е произведена за потрошувачите кои не пијат газирани пијалоци и сакаат поздрава опција. Во текот на изминатите 20 години, продажбата на газираните пијалоци, што не се диетални, опадна за повеќе од 25%. Како резултат на тоа, PepsiCo и неговите конкуренти го свртеа вниманието кон вода за шишиња и други видови пијалоци .

Името треба да укаже на тоа дека постојат бесконечни комбинации на пијалаци што би можеле да ги направите со шишето и аромите. Брендот, засега има 12 различни типови на вкусови, што имаат имиња како Mango Chia Flow и Ananas Coconut Water Renew.

Малото пакување со одредената арома се става на капачето на шишето, по што таа се притиска и навлегува во водата што е веќе во шишето. Откако добро ќе се промеша, пијалокот е спремен за конзумирање.

Секое пакување содржи сокови од овошје и суви состојки, како што се парчиња ѓумбир, витамини, екстракти од лимон, па дури и овес. Според компанијата сите состојки се природни и нема вештачки засладувачи.