Пешевски во Охрид на Македонскиот комитет за големи електрични системи

22

Темите за кои ќе се зборува во рамки на осмото советување на Македонскиот комитет за големи електрични системи, особено сесијата за берзите на електрична енергија, се важни за Владата бидејќи претстојната либерализација на пазарот ќе придонесе за поквалитетен и поевтин пристап на индустриските потрошувачи но и домаќинствата до електрична енергија.

Ова беше истакнато од вице-премиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски на отворањето на советувањето на Македонскиот комитет за големи електрични системи што се одржува во Охрид.

“Владата има големи инвестициони планови и проекти во оваа област. Сето она што го прават МЕПСО и ЕЛЕМ спаѓа во дел на она што значи директна поддршка од Владата, но и креирањето соодветна регулатива и создавање услови за приватните инвеститори во делот на обновливите извори на електрична енергија, како и во најавите за некои поголеми инвестиции во областа на енергетиката каде ќе биде отворен и пазарот за приватниот капитал, сето во насока на обезбедување квалитетна електрична енергија за потрошувачите и енергетска независност на Републка Македонија”, истакна Пешевски.

Тој нагласи дека самата методологија на утврдувањето на цената на електричната енергија во рамки на постчечкиот систем е надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, но токму преку формирањето ефикасни пазари за електрична енергија со моделот со берза, може да придонесе електричната енергија да се набавува по пониски цени. Тоа во идината би значело или помали зголемувања на цената на електричната енергија, а во услови на глобално намалување на цената на електричмата енергија, како што беше минатата година, може да дојде и до нејзино поевтинување.

“Не би кажувал однапред во која насока ќе се движи цената. Доколку се следат европските трендови може да се очекува цената на електричната енергија во иднина генерално да расте. Токму затоа овие чекори што ги презема Владата со во насока да придонесат тој притисок да биде што помал”, нагласи Пешевски.