Пет дигитални трендови што ќе ја одбележат 2020 година

50

Дигиталната револуција ги менува работите на Интернет со неверојатна брзина, па многу работи што денес се популарни, веќе утре ќе бидат застарен тренд.

Интернет страницата eMarketer направи листа на дигитални трендови што се очекува да ја одбележат годината што е пред нас.

Гласовни наредби

Се очекува оваа година гласовните наредби да забележат напредок и да го подобрат начинот на пребарување содржини на интернет.

Google ќе се соочи со сериозна конкуренција

Google и оваа година ќе остане доминантна платформа за пребарување на интернет, но некои корисници ќе се префрлат на други пребарувачи, што за технолошкиот гигант може да биде сериозен проблем во следните години.

Класичната телевизија ќе “тоне“ во заборав

Традиционалните телевизиски сервиси би можеле полека да заминуваат во историјата поради новите онлајн сервиси како што е Netflix, па и маркетинг стратегиите на компаниите ќе треба да се менуваат.

Правила за приватност на корисниците

Ова прашање е постојано актуелно, па оваа година платформите ќе мора да ја променат досегашната пракса на собирање податоци од своите корисници, па овие правила ќе мора да претрпат одредени сериозни измени.

Facebook ќе има сè помалку корисници

Најпозната социјална платформа ќе треба сериозно да поработи на нова стратегија, бидејќи постојано се намалува бројот на кориснички профили на Facebook.

Фото: Pexels