Пет лоши навики што се пречка за напредок во кариерата

25

izvini

Фото: Pixabay

Замислувате дека кариерата ќе ви се движи во нагорна линија, но тоа не се случува. Пред да ја обвините компанијата или шефот, погледнете се себе си во огледало. Можеби вашите лоши навики ве спречуваат да напредувате во кариерата и да постигнете успех. Сите имаат лоши навики, но ако ги носите со себе на работа, можат само да ве спречат во напредокот.

Прочитајте ги петте најчести лоши навики што ги спречуваат луѓето да постигнат успех:

Да бидете волк самотник

Соработката е клучна во една работна средина, но ако преферирате да работите сами, тоа ќе го забележат сите. Додека другите заеднички размислуваат, споделуваат идеи и комуницираат, вие сте одделени. Треба да покажете дека можете да соработувате со останатите и дека можете да работите во тим.

Решение: Најдете проект за кој сте заинтересирани и побарајте да бидете дел од него. Покажете им на менаџерите дека сте способни да соработувате со колегите и дека можете да бидете дел од победничкиот тим.

Постојано да се извинувате

Според истражувањата, жените се извинуваат почесто отколку мажите. Кога се извинувате за секоја мала грешка, може да ја загрозите вашата позиција во компанијата и да оставите негативен впечаток кај менаџерите.

Решение: Престанете да се извинувате. Резервирајте го зборот извини за големи грешки и не го употребувајте во секојдневниот говор.

Да работите на секој проект

Се возбудувате за секој нов проект? Веднаш сакате да бидете дел од него и да најдете нови предизвици? Ова се убави атрибути на секој вработен, но време е да научите кои се вашите граници. Ако прифаќате да работите на секој проект, тогаш со текот на времето ќе бидете несреќни и преморени.

Решение: Зборот НЕ е многу моќен. Не прави да изгледа дека одбегнувате задолженија, туку едноставно дека немате време. Треба да си го цените времето и способностите и да знаете кога одредена работна задача е премногу.

Да бидете негативни

Ентузијазмот и страста се карактеристики што менаџерите ги бараат кај вработените. Никој не сака да унапреди некого што изгледа мизерно секој ден на работа.

Решение: Седнете и поставете си ги прашањата што ги избегнувавте. Дали ја мразите работата што ја работите, можеби е време да побарате друга? Можеби сакате да научите нешто ново – разговарајте со менаџерот за работа во други оддели или одете на професионален курс за развој.

Да бидете неорганизирани

Размислете само колку од работното време трошите во барање на работи што не знаете каде сте ги оставиле. Замислете колку пати сте се нервирале кога не сте можеле да најдете некој важен документ што сте го ставиле под купот хартија. Луѓето што поминуваат покрај вашата канцеларија ве осудуваат за организацискиот хаос во кој што се наоѓате.

Решение: Следниот пат кога немате многу работа, поминете го денот во организирање на канцеларијата. Направете план како да бидете организирани и следете го. Имајте на ум дека најтешкиот дел во организираноста е континуираното чистење и ставање на работите на свое место. Кога еднаш тешката работа ќе ја завршите, треба само да го одржувате работниот простор.

Вашите лоши навики не треба да ве спречуваат во постигнување успех во кариерата, затоа одвојте време и поработете на нивно надминување.