Пет начини како да изградите подобар тим

26

tim

Фото: Pixabay

Едниствениот начин да се “поместат планините“ во вашиот бизнис е преку колективната интелигенција. Но, тоа не може да биде само вашата стара група на вработени. Доколку вистински сакате да ги “поместите планините“, тогаш треба да го изградите вашиот тим мудро.

Еве пет начини како да го претворите вашиот тим во ангажиран, продуктивен и со постојано добри резултати:

1. Поставете ги вистинските луѓе во одборот

Не мора секогаш во одборот да ги поставувате најпаметните или наједуцираните луѓе во вашата компанија. Ако на пример воведувате нов тим за следење на потребите на клиентите, тогаш во одборот треба да го поставите вашиот најдобар продавач, а не само сметководителите и персоналот задолжен за набавки. Вашите продавачи се оние кои ги знаат најдобро клиентите и ги разбираат нивните потреби.

2. Делегирајте реален авторитет

Во последниве години многу се зборува за потребата на работодавците да ја зголемат мотивираноста на вработените. Многу истражувања покажуваат дека вработените со овластувања се посреќни, покреативни и се попродуктивни од останатите вработени. Затоа, кога на тимот му задавате задачи, обезбедете им авторитет на вработените што им е потребен за да можат да ги извршат.

3. Размрдајте ги работите

Доколку ги гледате истите ликови на сите ваши состаноци, тогаш е сигурен знак дека треба да ги размрдате работите. Создадете нов тим составен од вработени од различните делови во вашата компанија.

4. Излезете од канцеларијата

Наместо состаноците да ги имате во истата конференциска сала и да го пиете истото кафе, одете некаде надвор. Состанете се надвор од зградата на вашата компанија, во локалниот парк или во некое кафуле. Уште подобро е ако се сретнете со клучните клиенти во нивните објекти, соработувајќи во решавањето на проблемите од заеднички интерес.

5. Славете го успехот

Кога вашиот тим ќе ги постигне поставените цели, тогаш одвојте време да го прославите успехот. Охрабрете ги вработените од тимот да креираат подароци еден за друг и одредете мал буџет за сувенири (чаши за кафе или маици со логото на компанијата). На финалниот тимски состанок подарете им ги на секој член од тимот, заедно со искрена благодарност за добро завршената работа.

Тимскиот дух е екстремно моќна и важна алатка за акумулирање на најдоброто од човечките ресурси. Но, ефективните тимови не се добиваат веднаш, тие се градат со текот на времето.